ВМРО - ДПМНЕ со „смс“ мобилизација за денешниот протест

Граѓанска новинарка Хазизе Јунузи утринава добила порака во која се повикува на денешниот протест на ВМРО - ДПМНЕ во 17 часот. Според упатената порака нејзиното присуство се очекува пред централниот штаб на партијата.

Граѓанската новинарка прашува како воопшто дошле до нејзиниот телефонски број и колку граѓанки и граѓани повторно се малтретирани на овој начин без да имаат зеднички интрес со партијата или потреба да излезат на овој протест.