Уште една недела отворен повик за набљудувачи

Конкурсот за краткорочни и долгорочни набљудувачи на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе биде отворен до 6 март во 17 часот.

Сите заинтересирани граѓанки и граѓанки кои сакаат да бидат дел од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ потребно е да ја пополнат онлајн апликацијата за пријавување на краткорочни и долгорочни набљудувачи на изборниот процес. 

Предност за учество на овој конкурс имаат оние што веќе биле набљудувачи за организацијата во претходните изборни процеси, како и оние што ги посетувале семинарите за граѓанско новинарство. Сепак, сите заинтересирани треба да пополнат апликација, а посебна комисија ќе ја изврши финалната селекција. Едно од правилата е дека не може да се биде набљудувач за две организации истовремено. Партиски активисти немаат право на учество во овој повик.

Со оглед на тоа дека досега се пристигнати голем број на пријави, доколку сте заинтересирани да го набљудувате избориниот процес побрзајте и пријавете се!