Црна револуција: Не за ЕУ!

Од „Македонија цела да е“ до детски песнички за Хан се слушаа на денешниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија. Граѓански новинар кој посака да остане анонимен испрати фото и видео материјал од денешните протести пред ЕУ - инфо центарот, каде се очекува да пристигне еврокомесарот Јоханес Хан.

Со камиони и труби присутните го пречекаа Хан. „Нема Илирида, нема БЈРМ, само Македонија!“, порача еден од присутните демонстранти. Други пак ја пееја познатата „Една мисла имаме“, додека една повозрасна граѓанка му испеја своја верзија од детска песна.

Дел од присутните лепеа плакати со натпис НЕ у ЕУ. Откако се осигураа дека Хан повеќе не е во зградата на ЕУ-инфо центарот присутните се упатија кон Собранието. „Од позади го изнесоа, ајде!“ повика еден од присутните.

This post is also available in: AlbanianEnglish