ЦИВИЛ ќе ја достави иницијативата за одбележување на Денот на протестот до Собранието

По првото објавување на иницијативата на ЦИВИЛ 12 април да се прогласи за Ден на протестот, на денешен ден пред една година, организацијата настапува уште порешително оваа година. Деновиве, во пресрет на денешното одбележување на Денот на протестот, ЦИВИЛ повеќе пати ја нагласи својата намера да ја достави иницијативата и до Собранието на Република Северна Македонија.

Очигледно, во изборна година, оваа идеја станува поатрактивна и за политичарите, па така и едниот од претседателските кандидати, Стево Пендаровски, денеска, во попладневните часови, даде директна поддршка за иницијативата на ЦИВИЛ, иако не ја спомена организацијата што ја покрена уште минатата година, кога ја поддржа фото изложбата и перформансот „Протест(и)“ од Александар Кондев.

Според најавите, ЦИВИЛ ќе ја достави иницијативата за прогласување на 12 април за Ден на протестот (алтернативен назив е Ден на граѓанскиот непокор) во текот на идната недела.

ЦИВИЛ Тим за комуникации