ЦИВИЛ ќе ги обелодени деталите за сите случаи на кршење на изборниот молк по гласањето во недела

ЦИВИЛ ја следи ситуацијата на теренот преку своите 160 акредитирани набљудувачи, но и преку граѓанските новинарки и новинари, соработниците и поддржувачите на организацијата. Воедно, се посветува внимание и на секоја пријава од граѓанките и граѓаните што можат да искористат еден од повеќето начини на кои можат да контактираат со дежурната екипа на ЦИВИЛ.

Во текот на изборниот молк, ЦИВИЛ нема да ги соопшти деталите и доказите за кршење на изборниот молк и другите нерегуларности, бидејќи со самото споменување на политички партии или претседателски кандидати може да се доведе во ситуација да го прекрши Изборниот законик. Но, сите фото и видео материјали, имиња на партии и други детали за кршењето на Изборниот законик ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Тим за комуникации