ЦИВИЛ доделува награди за најдобрите граѓански стории

ЦИВИЛ - Центар за слобода, утре во 12 часот во хотелот Сити Парк во Скопје, ќе додели награди на најуспешните граѓански новинарки и новинари од изминатите два месеци.

Наградените стории зборуваат за социјални проблеми, кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да учествуваат во проектот #ГраѓанскиОбјектив, и да станат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот кои, со својот активизам го менуваат општеството.

Исто така, граѓанките и граѓаните можат да испратат видео и за иницијативата #БарамОдговор. Идејата на оваа иницијатива е, преку видео или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање до политичар/политичарка или јавна личност, а снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали. Доколку прашањето е провокативно или едноставно, граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, оставена е опција да се снима објект или некоја ситуација, додека се поставува прашањето. Во зависност од одгворот и реакцијата на иституциите или надлежните до кои е упатено прашањето, овие видеа исто така влегуваат во наградниот циклус.

Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.

Д. М.