Трет прес на ЦИВИЛ: Поткуп и притисоци во Дебар, попречување на работата на набљудувачите

ЦИВИЛ регистрира и случај на поткуп на гласачи и притисоци во Дебар.

Пред училиштето Саид Најдени во Дебар, каде што се сместени Избирачките места од 534 до 538 е регистриран отворен притисок врз граѓаните и поткуп на гласачи. Кога била известена полицијата и кога дошла на местото, наместо оние кои што вршат притисок, го привела човекот кој што го пријавил поткупот и притисокот. Во Дебар се забележува зголемено полициско присуство, особено на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и на оклопни полициски возила.

До 17 часот 160-те набљудувачи на ЦИВИЛ на терен регистрирале 144 неправилности, меѓу кои оневозможување на набљудувачи да присуствуваат на изборниот процес на избирачко место, оневозможување на медиуми да известуваат од избирачки места и повикување на бојкот.

На избирачкото место 1962 во Основното училиште А.С.Кикиш во Тетово набљудувач на ЦИВИЛ не успеал да влезе на избирачкото место. Претседателот Чиние Јашари му рекол на набљудувачот дека не е најавен и не смее да влезе. Набљудувачот му ги покажал овластувањата од ДИК и ЦИВИЛ, по што Јашари одговорил дека може да влезе, ама под услов да ги остави овластувањата во избирачкото место.

ЦИВИЛ досега регистрираше и пет случаи во кои медиумите биле оневозможени да ја вршат својата должност на избирачко место и да ја известуваат јавноста за текот на гласањето. За два известивме на минатата прес конференција.

Во меѓувреме во Тетово, претседателот на гласачкото место 1959 во Основното Училиште "Гоце Делчев" не и дозволил на екипата на ТВ ШЕЊА да снима инсерти од гласачкото место.  иако тоа е дозволено, и тоа во момент кога во просторијата немало гласачи, со што не бил загрозен ниту процесот на гласање, ниту приватноста на гласачите.Според изјава на новинарката ТВ ШЕЊА  претседателот на избирачкиот одбор не им дал некоја причина зошто не им дозволува да снимаат, туку само повторил дека на тоа место не е дозволено снимање. Веднаш потоа, во истиот објект, тимот на ТВ Шења продолжил да работи и без пречки снимал на другите избирачки места. За инцидентот новинарката и снимателот на телевизијата го информирале наблудувачкиот тим на ЦИВИЛ.

На избирачките места 2161 и 2162 во Основниот суд во Велес не била пуштена екипа на телевизијата АЛСАТ-М,  а во Основното училиште Петар Здравковски Пенко во Бутел не била пуштеа да снима повторно екипа на ТВ ШЕЊА.

Како и во периодот до минатата прес конференција, и сега значителен дел од неправилностите се поврзани со избирачкиот список. Досега, според извештаите на нашите набљудувачи, најмалку 50 лица биле спречени да го остварат своето право на глас поради избирачкиот список, на 25 избирачки места

На ИМ 0093 во Месната заедница Димитар Влахов во Битолана еден гласач  не му било дозволено да гласа затоа што имал нова лична карта, издадена на 4 април, и го немало во избирачкиот список.

На ИМ 0469 во Општина Маврово и Ростуша 4 лица не биле во избрачкиот список и биле пратени во Општинската изборна комисија

Во поранешната месна заедница во Кавадарци, во избирачкиот список било забележано име на лице кое починало пред две години, а во ИМ 2264 во Штип двајца гласачи не можеле да ги пронајдат своите имиња во избирачкиот список. На истото избирачко место необележано лице седело до гласачката кутија и водело евиденција за бројот на гласачи/

На ИМ 2705 во ОУ Ѓорѓија Пулевски во Општина Аеродром еден гласач немало на избирачкиот список, а гласачи не можеле да се пронајдат во избирачкиот список и во ИМ 1068 и 1065 во Техичкото средно училиште Наце Буѓони во Куманово.

 На ИМ 2153 во градинката „Тодор Јанев“ во Општина Велес, на членка на ИО и стигнала СМС порака дека ја молат да гласа до 11часот, која таа ја прочитала пред сите, не наведувајќи од кого е.

ИМ 2284 и 2289 во населеното место Три Чешми, во Општина Штип биле двете во иста просторија, споени како едно ИМ, затоа што затоа што селото Сушево има само 7 гласачи. Но, четири лица не успеале да го остварат правото на глас од непознати причини.

На ИМ 1257 во ОУ „Братство и единство“ во Општина Охрид, гласач со лична картаизадена на 7 февруари 2019, сепак го немало на ИС.

На ИМ 0093 во Општина Битола бил дозволен случај на семејно гласање.

На ИМ 2480 во ОУ „Глигор Прличев“ во Општина Гази Баба, членови на ИО прво ги прскале со спреј гласачите, а потоа им ги давал избирачките ливчиња.

На 100 метри од ИМ 2284 и 2289 во населеното место Три чешми во Штип, е отворена просторија, за која граѓанит велат дека е партиски штаб, нонесезнаечиј. Според набљудувачот на ЦИВИЛ, надвор пишувало име на една партија, а внатреимало плакатиодкандидат на друга партија.

На ИМ 2503 во ОУ „Крсте Мисирков“, двајца членови на ИК и прокоментирал на набљудувачкат аод ЦИВИЛ со прашање зошто дошла таму, кога дотогаш поминале веќе тројца набљудувачи, а на ИМ 2542 во ОУ „Дане Крапчев“, друг набљудувач ја испрашувал- дали е од политичка партија или од ЦИВИЛ: за по одговорот да коментира: „Вие сте од Шарените, уште полошо од партија!“

На ИМ 2453 во селото Долно Свиларе, Општина Сарај, при одвојување на ливче од кочанот, член н Избирачкиот одбор- го скинал. Членовите се согласиле дека не смеат така скинато да му го дадат на гласачот. Се јавиле во ОИК и добиле одговор да му дадат на гласачот следното ливче од кочанот, а тоа скинатото, н следниот гласач што ќе дојде. Откако не биле сигурни - колку е и тоа исправно, го прашале набљудувачот на ЦИВИЛ – што тој мисли што треба да прават. Гласачот доби лново ливче и го остварил своето гласачк оправо, а до заминувањето на набљудувачот, не се појавил нов гласач.

На ИМ 1411 во ОУ „Климент Охридски“ во Општина Прилеп, Граѓанка при потпишување во списокот, нагласила дека нејзиниот маж нема дагласа и го пречкртала, а ИО го внесол на станот во записник.

На ИМ 2843/1 во ОУ „Песталоци“ во Општина Центар, имало проблем со УВ ламбите кои по кусо време се променети.

На ИМ 2863 во ОУ „Коле Неделковски“, во Општина Центар, неколку гласачи биле провериле на левиот палец со УВ-ламбата, а пота ги прскале на десниот палец,како што треба. На истото место било дозволено и семејно гласање.

На ИМ 2453 во Долно Свиларе при кинење на ливчето од кочанот, членот на Избирчакиот одбор го скинал. Сите се согласиле дека не смеат скинато да го дадат на гласачот. Се јавиле во ОИК и добиле одговор да му дадат на гласачот следното ливче од кочанот, а тоа скинатото на следниот гласач што ќе дојде.

На ИМ 1411 во ОУ Климент Охридски во Прилеп Гласачка при потпишување во листата на гласачи нагласила дека нејзиниот маж нема да гласа и го прешкртала. ИО го внесол настанот во записник.

На ИМ 2868 во ОУ Коле Неделковски во општина Центар бил дозволен случај на семејно гласање, а на ИМ 2704 во ООУ Ѓорѓија Пулевски во Аеродром гласачи им даваат на своите мали деца да ги стават ливчињата во кутија. Гласач му дал на своето малолетно дете да го заокружи гласачкото ливче и да го стави во гласачката кутија и во основното училиште Љубен Лапе во Аеродром.

Во Битола лица се јавуваат на телефон и ги прашуваат граѓаните дали гласале, а во тамошното училиште Вељко Влаховиќ набљудувач на политичка партија преку телефон постојано пренесувал информации од избирачкото место.

Во Штип, на ИМ 22 56 во зградата на хуманитарните организации, членовите на ИО си гледаат телевизија, а 2 члена си играат на телефон. Параваните се свртени еден кон друг, набљудувачите можат да гледаат во гласачките ливчиња

На ИМ 2205 во ОУ Лирија во Чашка соприг гласал за сопругата, а избирачкиот одбор не реагирал. На истото место, набљудувач врши легитимација кој дошол да гласа

Пред ИМ 1720 во ОУ НИкола Вапцаров во Струмица пред училиштето е паркиран автомобил, а во него четворица луѓе бележат кој излегол на гласање. Спроти истото училиште друга група кја исто така бележи кој излегол на гласање

На ИМ 2295 во штипското училиште Ванчо Прке членови на ИО дискутираат за промената на името, истакнувајќи дека во библијата стоело „Македонци“, додека гласачите гласаат. Истиот избирачки одбор, додека нема гласачи во просторијата, читал имиња од ИС и коментирале кој е во државата а кој не е.

На ИМ 2684 во ОУ Блаже Конески во Аеродром немало ниту претседател ниту заменик претседател на ИО

На ИМ 2173 во ООУ Благој Кирков во Велес гласачка на друга гласачка со прсти и покажала кој број да го заокружи на ливчето

На ИМ 2894 во ОУ Тефејуз во Чаир млад член на избирачкиот одбор побарал да оди дома бидејќи му било здодевно. Претседателот на ИО го предупредил дека ќе биде пријавен, но тој сепак си заминал

Во Ѓорче Петров комбе со разглас кружело и повикувало на бојкот.

ЦИВИЛ Тим за комуникации