Таксистите штрајкуваат пред влада!

Денеска во 13 часот таксистите во Скопје се собраа пред Влада за да побараат подобри услови од надлежните институции.

Тие не се согласуваат со новите закони за регистрација и фискализација, и задолжително учење англиски јазик.

Нивните барања се : пониски казни, да се укинат регистрацијата и фискализацијата, да не биде задолжително учењето англискиот јазик за таксистите.

Во неофицијален разговор со дел од таксистите кои не сакаа да зборуваат пред камера рекоа дека „регистрацијата треба да се намали цената за регистрација, а фискализацијата била прескапа за да се сменат сите апарати и да се заменат со нови.

Тие имаат проблеми и со извршителите поради кои им се блокираат сметките и не можат да ги добијат нивните плати, но за нив проблем се и улиците кои се оштетени и тоа им предизвикува проблеми со автомобилите, затоа, тие мораат да ги носат колите два пати месечно на поправка во автосервис.

Вулнет Махмути