Средношколците од Ј.Б.Тито преку аудиовизуализација до поефикасно учење

По успешни дискусии во СУГС „Георги Димитров“ и СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, настанот „Преку аудиовизуелизација и дебата до полесно и поефикасно учење“ ќе се одржи и во СУГС „Јосип Броз Тито“.

Со проекција на филмот „Песната на Ајша“ („Аisha’s song“) по кој ќе следи кратка презентација за запознавање со клучните поими, а потоа и дискусија на тема родови улоги и стереотипи, денеска, 12 февруари, со почеток во 10 часот, ќе се обидеме да  развиеме конструктивна дебата со најмладите средношколци.

Верувам дека ќе ги поттикнеме младите критички да размислуваат за актуелни теми. Преку аудиовизуелизацијата ќе им се олесни восприемањето на информации и ќе им се разбуди креативноста.

Доколку сакате и во вашето училиште да се организира ваков настан, контактирајте нѐ преку ЦИВИЛ (ЦИВИЛ Млади) и подгответе се за неформална и забавна дискусија од која сите ќе научиме.

Настанот го организираме во соработка и поддршка на ЦИВИЛ-Центар за слобода и Македокс – здружение за промоција на документаристика.

Анѓела Арсенијевиќ