Соочување со минатото

Публикацијата „Соочување со минатото“ е издание на пилот-проектот „Сеќавање на минатото - обликување на иднината“ кој го имплементираа ЦИВИЛ - Центар за слобода и Форум Цивилен мировен сервис – Македонија.

Целта на проектот е развивање концепти и креирање можности за размена на ставовите на локалните заинтересирани страни и на граѓаните, во однос на конфликтното минато. Ова значи да се воспостави култура на сеќавање и справување со минатото што ќе ги вклучи сите етнички, политички, возрасни и полови групи, како и сите ставови и аспекти во однос на минатите настани и периоди.

Во обид да се создадат инклузивни и конструктивни локални култури и сеќавања на ниво на заедницата, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Форум ЗФД работеа заедно со локалните и стратешките партнери од граѓанското општество, државната администрација и политичарите.

Во публикацијата се поместени анализите, интервјуата со актерите и засегнатите страни, со претставниците на локалната самоуправа, како и избор од онлајн и печатени содржини, посветени на дел од историските настани опфатени во истражувањето.