Симпатизерите на СДСМ во Шуто Оризари, највесело го прославија добивањето на мандатот

Со зурли и тапани симпатизерите на Социјал демократскиот сојуз на Македонија во Шуто Оризари го прославија добивањето на мандатот за формирање на нова влада.

Ромите предводени од пратеникот на СДСМ, Курто Дудуш во ноќните часови прославуваа во ценатрот и низ улиците на Шуто Оризари. Видеото е од граѓански новинар и член на СДСМ, Геге Демировски.

Вчера претседателот на државата Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој има рок од 20 дена да успее да формира влада.