Се бара одговор од Општина Битола за реконструкцијата на улицата Климент Охридски

Граѓанска новинарка бара одговор од Општина Битола кога ќе се заврши реконструкцијата на улицата „Св. Климент Охридски“.

Улицата се наоѓа во центарот на градот и е поврзана со уште две доста прометни улици, „Партизанска“ и „Солунска“. Освен што од ноември, кога започнала реконструкцијата, само е раскопана, а не се гледаат видливи резултати, од прашината и земјата страдаат сите што живеат на овие улици. Сообраќајниот хаос и близината на Широк сокак уште повеќе ги иритира граѓаните, вели граѓанската новинарка.