Рокот за собирање потписи за претседателска кандидатура истече

Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река се единствените кандидати кои до истекот на рокот, синоќа на полноќ, успеаја да ги соберат потребните 10.000 потписи. Неофицијално, дознаваме дека другите кандидати не се ни блиску до потребниот број на потписи.

Најмногу потписи собрал кандидатот Филип Петровски и тоа само 1.375, Димче Петровски имал 537, Јосиф Мирчевски со 12 и Господин Попоски 29 потписи. Ова се податоци до 7 март. Официјалните бројки за тоа кој колку потписи собрал ќе се објават во понеделник откако ќе се сумираат податоците од сите регионални канцеларии на Државната изборна комисија.

Рокот за пријавување на кандидатурите за председателските избори е 21 март, а кампањата за првиот круг почнува на 1 април. Првиот круг на гласањето ке биде на 21 април а вториот на 5 мај.

А. Зеќири