Различни, но се разбираме!

Деки нели имаше една турбо-фолк песна каде што се пее нешто „лево лево“? Не бе Соња, има една рокерска песна каде што групата Пинк Флојд  пејат „левел левел“, демек се разбирам и јас нешто од рок музика. Хахах, Деки бе, тоа е Дејвид Боуви и пее – „ребл ребл“… Хаха нејсе, битно се разбравме и продолживме со подготовките за дводневниот фестивал „ЦИВИЛ Фест“ кој се одржа на 11 и 12 (понеделник и вторник) во МКЦ.

Дехран Муратов

Најголемиот дел од работата ја завршивме во недела, поставивме паноа со фотографии, знамиња на „Слободата“ на сите јазици, кули од коцкасти иверки за поставување на промотивен материјал на невладините организации и на ЦИВИЛ и детското катче.

Прв ден, 10 декември, (понеделник) сите околу 9 часот се собравме во канцеларијата на ЦИВИЛ за да завршиме со работните обврски и да ја земеме опремата за снимање и фотографирање. Веќе околку 11 часот дел од екипата пристигна во МКЦ каде што ги пречекавме од АМЦ да ни донесат телевизори за да ги пуштаме видео и фото материјалит и сториите на ЦИВИЛ, бидејќи такви стории граѓаните немаа(т) можност да ги видат дома на своите телевизори.

Околу 13 часот веќе се беше подготвено за започнување на фестивалот. По краткиот увод на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, прв се обрати  евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој на Денот на Декларацијата на човекови права, упати порака да не се прекршуваат и да се почитуваат човековите права и сите да бидат еднакви. Исто така свое обраќање имаше и Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, Кочо Андоновски, Благица Димитровска од „Инклузива“, Петрит Сарачини советник во Влада, Џабир Дерала и јас. Сите упатија добри и храбри пораки, само уште институциите да ги применуваат на дело.

Потоа следуваше изведбата на лицата со Даунов синдром, групата „Денсерс Јунајтед“, кои со нивниот танц внесоа ведрина и топлина кај сите присутни.

По настапот на „Денсерс Јунајтед“ следеше изложбата на фотографии и ведеа кои беа направени од граѓанските новинар(к)и и од екипата на ЦИВИЛ. Содржините на тие фотографии и видеа беа за политички случувања, протести, сиромаштија, говор на омраза… Првиот ден заврши со диџејски сетови, и додека возрасните се забавуваа, дечињата си играа и цртаа кај детското катче.

Втор ден, 11 декември (вторник), ЦИВИЛ Фест започна со доделување на награди за граѓанско новинарство, а веднаш потоа се одржа и работилница за граѓанско новинарство. Додека траеше работилницата, дел од тимот на ЦИВИЛ ги пречекуваа посетителите.

Некаде околу 18 часот почнаа да доаѓаат музичките бендови кои што ги правеа последните проби пред настап. Салата полека почна да се полни и околу 20 часот пред  да згрмат гитарите и тапаните на музичките бендови, атмосферата ја вжешти пантонимичарот… кој со својата кореографија измами воздишки и аплаузи од присутните гости.

Потоа следуваше последната точка на фестивалот, односно настапот на трите музички рок-бендови. Иако лично не слушам рокерска музика, сепак дечките беа фантастични. Околу полноќ завршија музичките настапи, со тоа официјално заврши и ЦИВИЛ Фест.

Тие што беа на фестивалот имаат што да раскажуваат, а тие што не дојдоа ќе мора да почекаат до следната прилика…