Ракотворби со верски карактер во ПОУ „Иднина“

ПОУ „Иднина“, општина Чаир, е училиште за лица со попреченост во психичкиот развој. Училиштето е со мешан етнички состав и постои веќе четири децении, при што им овозможува на децата со лесна психичка попреченост образование и воспитание со наставни програми прилагодени според нивните потреби.

Како дел од моите студии, имав можност да го посетам училиштето и да се запознам со учениците и нивните наставници. И, за жал, заминав со непријатно чувство во себе. Меѓу новогодишните честитки, керамички производи и плетива, иконите се највпечатливото и најпрепознатливото нешто што излегува како промоција од училиштето.

Дури и вработените најмногу внимание во училишниот каталог посветиле токму на христијанските верски ракотворби. А, училиштето, со мешан етнички, но и верски состав.

Но, она што најмногу ме загрижи е зошто е потребно на овие дечиња да им се наметнуваат верски моменти. Можеби грешам, но и тие имаат право и слобода во можноста сами да изберат во што ќе веруваат и дали религијата ќе биде основа на нивните верувања.

Дискусии за тоа дали е потребна веронаука во основните училишта ширум земјата беа актуелни и сѐ уште, а оваа училиште е само еден пример во низата училишта кои шират верски мотиви во наставата.

Софија Стојановска