Пупулиева: Преку граѓанското новинарство до остварување на основните права

Граѓанската новинарка Марија Пупулиева зборува за нејзиното искуство на еден од семинарите за граѓанско новинарство на ЦИВИЛ и за тоа дека и помогнал да осознае дека е дел од оние кои објавуваат за проблемите во општеството и ги бараат основните човекови права за пристоен живот.

„Граѓанското новинарство е еден вид на моќна алатка која им служи на граѓаните. Не сум сигурна дека луѓето се свесни колку тоа значи и допринесува за подобрување на општата состојба, дали од областа на екологијата, повреда на нечии права и слично. Сета онаа напредна технологија која ја имаме и социјалните мрежи се дел од граѓанското новинарство и граѓаните треба да бидат свесни дека имаат моќ за да го искористат тоа“, вели Пупулиева.

Пупулиева вели дека владеењето на правото во нашата држава не функционира, дека законите не важат подеднакво за сите, но, според неа, граѓанското новинарство може да допринесе во тоа граѓаните да бидат поупорни за да си ги остварат своите права.

Нашето општество е подложно на доминација на лажните вести, додава таа.

„Општеството ни е подложно на доминација на лажните вести. На еден онлајн медиум може да се прочита едно, на друг друго, едноставно не знаеме што е точно“, додава Пупулиева.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети