Протести во Аеродром: „Криминалци, надвор!“

Неколку стотици граѓанки и граѓани на општина Аеродром излегоа на протест против изградба на зграда на зелениот простор до здравствената установа „Мајчин дом“. Револтот не успеа да го смири ни попладневната прес конференција на градоначалникот Златко Марин кој излезе со декларативна поддршка на граѓаните и личен став дека зграда не би требало да има на тој зелен простор. 

Протест против градежниот хаос во општина Аеродром, 9 октомври 2018.
Извор: граѓанска новинарка

„Криминалци, надвор од Аеродром!“, „Криминалци, надвор од Скопје!“ беа најчестите слогани на демонстрантите, според кои градоначалникот само купува време. Нив не ги интересираат личните ставови на граѓанинот Златко Марин, туку што тој како градоначалник ќе преземе за да се спречи градежниот хаос во општината.

Граѓанските новинарки и новинари испратија повеќе фотографии и видеа до ЦИВИЛ што ќе бидат објавени во текот на денешниот и утрешниот ден.

ЦИВИЛ денеска излезе со поддршка на протестот на граѓанките и граѓаните на општина Аеродром.