Притисоци врз вработените во РЕК Осломеј - Кичево

Во текот на вчерашниот ден вработените во РЕК Осломеј - Кичево кои биле втора смена биле повикани и организирани со автомобили да присуствуваат на протестот во Кичево, јавува граѓански новинар кој сака да остане анонимен.

Според граѓанскиот новинар, само неколкумина од вработените останале на своите работни места, а оние кои заминале на протестот подоцна не се вратиле на работа.

Во последните две недели, колку што траат протестите во земјата, сè почести се притисоците врз вработените како во јавните институции, така и во приватниот сектор.

 

This post is also available in: AlbanianEnglish