Прилеп: Работилница на ЦИВИЛ за граѓански новинари

Во просториите на граѓанската организација „Пактис“, која соработува со ЦИВИЛ - Центар за слобода, учесниците на обуката на граѓански новинари беа активни и мотивирани за понатамошната соработка со ЦИВИЛ и за ангажман во проектот „Граѓански објектив“.

2Предавачи на обуката беа Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ - Центар за слобода и Синиша Станковиќ, уредник на ЦИВИЛ Медиа. Нивниот илустративен пристап кон кршењето на човековите права и слободи, пред сѐ во изборен контекст, ги поттикна прилепчанки и прилепчани на исцрпна дискусија за проблемите кои се нивно секојдневие.

Учесниците на обуката беа запозати со практичните алатки кои можат да ги користат за поуспешно граѓанско новинарство и активизам, и со наградниот циклус „Биди граѓански новинар“, на кој можат да учествуваат и да бидат наградени за своите прилози.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.