Прилози на граѓанските новинар(к)и што не се гледааат на телевизиски вести

Пред дебатата на ЦИВИЛ, „Граѓаните за државата или државата за граѓаните“, граѓан(к)ите имаа прилика на платно, на отворено, односно преку модулот Street Media да видат дел од најуспешните видео стории кои ги направија граѓанските новинар(к)и.

Дехран Муратов од ЦИВИЛ, vестите на улица ги започна со сторијата за жителите на битолски Баир кои и во 21 век, сé уште живеат без вода. Повеќе за тоа раскажа граѓанската новинарка, Јована Здравевска.

„Кога бев на семинарот на ЦИВИЛ за граѓанско новинарство, видов дека има сторија за жителите на битолски Баир кои со децении немаат вода за пиење. Веднаш по семинарот отидов во Баир, бидејќи сум од Битола, и со мојот мобилен телефон направив неколку снимки и разговори со жителите, кои се пожалија дека нема никакво подобрување по објавување на првиот прилог на ЦИВИЛ пред околу шест месеци“, истакна Здравевска.

Покрај сторијата за битолски Баир дека и во 21 век, сé уште живеат без вода, граѓан(к)ите имаа прилика да видат стории и за хоророт во казнено-поправните домови во земјата, за социјалната (не)правда и секојневните проблеми со кои се соочуваат граѓанките и граѓаните, за дискриминацијата…

Муратов истакна дека граѓанските новинарки и новинари известуваат за проблеми што традиционалните медиуми не можеа или не сакаа(т) да го видат.

Овој настан е дел од проектот Граѓански објектив, финансиран од National Endowment for Democracy.

Д.М.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска

This post is also available in: Albanian English