Претседателските кандидати потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река, денеска во просториите на Државната изборна комисија, потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Преку овој Кодекс тие се обврзаа дека ќе водат демократскаборба, а финалниот збор ќе го имаат граѓаните.

„Не е важно кој ќе победи, важно е резлутатот да биде законски и регуларен… Ние тројцата ќе имаме полесна работа бидејќи се познаваме и од порано и не велам дека ова ќе биде трка за живот и смрт туку трка што можеби ќе отвори ново поглавје во нашата држава“, изјави Блерим Река.

Кндидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова изјави дека очекува тешка борба и дека се надева последниот збор ќе го имаат граѓаните.

„Можам да гарантирам дека ова што денеска го потпишавме и практично ќе го спроведеме на терен. Тоа ќе значи и обврска за оние политички структури што ќе не поддржуваат, а не само на нас лично. Немам никакви дилеми барам што се однесува до нас тројцата дека ќе намравиме сè за една демократска борба како што доликува на една демократска држава“, изјави Стево Пендаровски.

Потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори е обврска на кандидатите според член 8-в според кој учесниците во изборниот процес недвосмислено се обврзуваат дека нема да вршат никаков притисок или обид за притисок врз вработените во јавната и државната администрација, во други институции или установи финансирани од Буџетот на Република Македонија, буџетите на општините и Градот Скопје, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал. Исто така, се обврзаа дека ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на било каква закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на било која политичка партија или кандидат.

Б. Ј.