Парковите во Карпош 3 опасност за децата

Парковите помеѓу улицата „Трифун Пановски“ и „Роберт Кох“ во населбата Карпош 3 се познати како збирно место на зависниците од дроги.

Од кога е направено регионалниот центар за рехабилитација на зависници од дроги во Воената болница, секој ден во паркчињата има остатоци од Метадон, игли и шприцеви кои се оставаат од зависниците што идат на редовни прегледи во Центарот за рехабилитација“ вели С.Н. која ги испрати фотографиите.

Како што известува С.Н. во парковите секој ден играат деца кои се во голема опасност од заразни болести, и дека имаат лош пример пред нивните очи.

Во близина на парковите има градинки, основно училиште и средно училиште, а С.Н. прашува дали  треба да настанат проблеми за некој да ги преземе неопходните мерки.