Отстранет рингишпилот кај МНР

Отстранет е рингишпилот кој беше поставен пред една година спроти Министерството за надворешни работи, поточно на плоштадот „Пресвета Богородица“ во Скопје, известува граѓански новинар.

Рингишпилот беше под надлежност на ДООЕЛ „Луна“ со кој стопанисува Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. За него беа издвоени 11. 500 000 денари.