Опис на работно место: поттикнувач на омраза!

Графити со говор на омраза кои повикуваат на национализам се појавија на ѕидовите на зграда во сопственост на општина Велес. Во истиот објект се сместени и општинската организација на СДСМ и СПМ, како и Регионалната канцеларијата на ССМ.

Како што известува еден граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен, граѓански активист преку свој коментар на објавените фотографии на Фејсбук, ја повикал Општината и градоначалникот Чадиев да реагираат на ваквиот вандализам врз општинскиот објект.

Еден вработен во јавно претпријатие, додека е на работно место, во работно време (од 7-15 часот), платен од граѓаните, одговара со зборовите „копиле ти кога фарбаше убаво ти беше ааа“. Истото лице, кое со закани се пресметува со граѓанските активисти по социјалните мрежи, според граѓанскиот новинар, е забележано како пружа логистичка поддршка и на високи партиски функционери, исто така, во работно време, со употреба на јавни ресурси.

Истото лице  упатило и  јавна закана со зборовите: „Абе копиле, кога ќе те видам во град ќе се мочаш во гаќи“ со цел да го заплаши граѓанскиот активист.
Ова не е прв пат, вработените во администрацијата на локално ниво во Велес, според информациите од граѓанскиот новинар, да спроведува партиски агенди и да сее говор на омраза. Вакви и слични закани се регистрирани уште во 2013 година, за време на локалните избори.
Вакви заканувачки пораки со говор на омраза се појавија во повеќе градови низ Македонија, а се упатени против претставници на граѓанските организации или симпатизери на опозицијата.

This post is also available in: English