Обука на граѓански новинари во понеделник во Скопје

Под мотото „Бори се против апатијата!“, ЦИВИЛ им нуди бесплатна можност на кандидатите да се стекнат со теоретски и практични знаења за граѓанското новинарство, видео-активизмот и низа други интересни области.

По успешната работилница на граѓански новинари што се одржа вчера во Струмица, во понеделник, на 15 август во хотелот „Сити парк“ во Скопје, од 11:00 до 17:00 часот ќе се одржи уште една работилница, за сите заинтересирани граѓанки и граѓани од скопскиот регион.

clp-logo-01

Сите кои сакаат да учествуваат на работилницата, можат да се пријават заклучно со завршетокот на денешниот ден со кратко мотивациско писмо, име и презиме, телефонски број и линк до Фејсбук профилот на кандидат(к)ите.

Целодневната обука за кандидатите чии апликации ќе бидат прифатени од комисијата на ЦИВИЛ, ќе започне во 11: 00 часот, со теоретски дел, по што следува практичниот дел на обуката.

Прилозите што кандидатите ќе ги направат во текот на практичната обука, ќе влезат во конкуренција за наградите што ќе бидат доделени од комисијата составена од членови на тимот на ЦИВИЛ.

Обуката за граѓански новинари  е дел од проектот„Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦМ