Најголема излезност во Прага и Будимпешта, најмала во Истанбул на денешниот изборен ден

Гласњето за претседател на државата во седум часот наутро започна во 32 дипломатско козулативни преставништа на Република Северна Македонија, освен во САД и Канада каде ќе започне во 19 часот поради временската разлика. Во нив ќе гласаат 1.781 гласачи ќе можат да го остварат своето право на глас. Во 13 избирачки места во казнено поравните установи денеска гласаат ќе гласаат 1640 голасачи. СПоред информациите на ДИК избирачките места се навреме отвороени. Во едниствениот центар за внатрешно раселени лица совео гласачко право ќе можат да го остварат 7 лица, а во тек е и гласањето на 3.539 болни и немоќни лица и за 12 гласачи што се во куќен притвор. Во двете избиралки места во двата старачки дом во Скопје, каде своето право на глас ќе го остварат 71 граѓани.

ДИК потсети дека отворена е беслпатната телефонска линија 0800 555444 каде граѓаните можат да се јават да постават прашање или коментар. Исто така, граѓаните со оштетен слух и говор ќе имаат можност преку блесплатниот телефонски број  076 488 360 преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.

Според инофрмациите на ДИК, до сега нема забележани изборни неправилности. Што се однесува за излезноста до 10 часот во КПУ има 22% излезност. Гласањето во Камбер и Мелбурн е завршено гласањето, а излезноста била 38% и 57,8% во Мелбурн. Досега најголема излезност има во Прага, Будимпеша и Брисел. Најниска излезност има во Истанбул со 3,57%.

Б. Ј.