Мултимедијална презентација на проектот „Граѓански објектив“

Во организација на ЦИВИЛ - Центар за слобода, денес од 11 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ), на катот над киното „Фросина“, ќе се одржи двочасовна мултимедијална презентација на проектот „Граѓански објектив“ и  промоција на публикацијата „Ние сме медиумите!“, во која се поместени искуства, извештаи и извонредни текстови на автори кои пишуваат за слободата на изразувањето, за трансформацијата на медиумите, за македонските состојби, за историјата на граѓанското новинарство…

Публикацијата „Ние сме медиумите!“ е објавена на македонски, албански и на англиски јазик во печатена форма и во електронска форма на онлајн каналите на ЦИВИЛ.  Онлајн публикацијата можете да ја погледнете тука.

ЦИВИЛ објави и електронско издание на ДВД во кое, освен публикацијата на трите јазици, се поместени и 45 видео-прилози, фотографии и текстови на наградените прилози на граѓанските новинарки и новинари од целата земја.

На денешната презентацијата ќе биде отворена и изложба со фотографии од граѓански новинари и од проектот.

Посетителите на настанот ќе имаат можност да добијат бесплатни примероци од публикацијата, ДВД, беџови, да ја проследат изложбата и да се запознаат со условите за учество во проектите на ЦИВИЛ, посветени на граѓанското новинарство и на изборното набљудување.

Поканети се сите добитници на наградите, предавачите на семинарите за обуки, медиумите, претставниците на граѓанските организации, а настанот е отворен и за сите заинтересирани граѓанки и граѓани

Граѓански објектив“ е проект во чии рамки граѓанските новинарки и новинари снимија и објавија десетици видео изјави, фотографии и текстови за бројните злоупотреби и кршењето на човековите права во изборен контекст и пошироко.