МВР со засилени контроли ги штити младите од насилници

Вчера, околу 18 часот, неколку полицајци патролирале на скопската Меѓуградска автобуска станица, веројатно, како превентива, за да нема инциденти меѓу средношколците, напиша во пораката која со фотографија до ЦИВИЛ Медиа ни ја испрати граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен.  

Пред само неколку дена, новинарот на ЦИВИЛ Медиа, Дехран Муратов, во својата колумна, посветена на проблемите и тепачките меѓу средношколците во Скопје, напиша: „МВР треба сериозно да работи и да се посвети на безбедноста и слободата на младите. Можеби, секој ден треба да има полициска патрола на Автобуската станица, најчесто во периодот кога младите одат во и доаѓаат од училиштата, околу 12-13,00 часот и 18-19,00 часот“...

ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на МВР и обидот да спречат насилниците кои ги малтретираат младите скопјани.

This post is also available in: English