Мини депонија кај велешкиот пазар

Мини депонија се наоѓа во стариот дел во Велес, односно во градскиот пазарот. Но, најголема трагедија е тоа што во непосредна близина има градинка во која има околку триста деца.

Жителите кои што живеат таму велат дека е неподнослива миризбата, особено во летните денови.

„Ѓубрето го прават пазарџиите, а машините не може да влезат да го исчистат. Речиси во секоја куќа има по еден или двајца заболени од жолтица поради оваа смрдеа и нечистотија“, вели еден велешанец.

Жителите додаваат дека за време на изборна кампања им ветуваат дека ќе се реши проблемот со депонијата, но откако ќе завршат изборите сите забораваат на ветувањата.

Д. М.

This post is also available in: English