Во Кичево протестен марш против двојазичноста

Неколку стотици кичевчани вечерва од 18 часот, на мирен протестен марш што започна пред центарот за култура „Кочо Рацин“ и продолжи низ центарот на градот го манифестираа незадоволството од како што велат, загрозување на унитарниот карактер на државата.

Тие се категорично против лидерот на СДСМ, Зоран Заев да формира влада со партиите на етничките Албанци, прифаќајки го нивниот услов, со воведување двојазичност, промена на името на државата и други барања кои што водат до кантонизација и целосно загрозување на националните интереси.

Учесниците на овој марш, најголем дел поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, протестираа со познатата иконографија, пееја македонски песни, извикувајќи пароли „Сме постоеле и ќе постоиме“, скандирајќи :Македонија, Македонија...

This post is also available in: English