Man In a Suit, Tonal и Basic Trio на ЦИВИЛ Фест!

По повод Меѓународниот ден за човекови права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, ЦИВИЛ организира дводневен фестивал посветен на граѓанското новинарство и активизмот, како и на декември – месецот на човековите права, кој ќе се одржи на 10 и 11 декември во МКЦ.

Програмата на ЦИВИЛ Фест започнува на 10 декември, со воведни обраќања, отворање на изложбата со фотографии на ЦИВИЛ, „Кулите на граѓанското општество“ – простор посветен на граѓанските организации, видео прилози и печатени материјали од продукцијата на ЦИВИЛ и други граѓански организации и многу музика.

На вториот ден од фестивалот, 11 декември, ќе има и настап на музичките групи: Man In a Suit, Tonal и Basic Trio, со почеток од 20:00 часот.

Man In a Suit е бенд оформен минатата година. Се состои од Дарио Циевски (тапани), Теодор Јефремовски (бас), Кирил Тројачанец (сакс), Филип Методиев (гитара), Дарко Медарски (гитара, вокал). Својот звук го опишуваат како меланхоличен, широк и урбан.

Музичката кариера на Tonal започнува одамна и добро познат на алтернативната сцена.

Во 2011 година потпишал договор со локална продукција, но бргу сфатил дека нема да ги добие посакуваните резултати и дека ќе биде втурнат во некој звук кој не е негов. Оттогаш тој сам работи на својата музика. Првиот самостоен настап го имал на 8 декември 2011 година во кафулето „Опера“.

Во мај 2013 година, Тонал започна со снимање песни за она што на крајот ќе стане негов деби соло рекорд. Тој напиша и сними песни во четири серии, менувајќи го својот пристап за секоја нова од песните.

Во јуни 2017 година тој го започна првиот дел од својата европска турнеја, промовиран како “Virtual Tears Tour” и почна да го снима својот прв долгометражен документарен филм “Phantasmagoria”. “Moonraker” беше објавен на 31-ви октомври на Дискотека Лазиалес во Рим за време на вториот дел од “Virtual Tears Tour”. Турнејата заврши во Берлин во јули 2018 година, каде што го сними својот прв жив албум со наслов “Live In Berlin”. 

Basic Trio е бенд од тројца членови: Марко Трендафиловски на тапани, Оливер Јаниќијевиќ на гитара и Дарко Поповски на бас. Од овој бенд ќе имате можност да ги слушнете најпопуларните џез композиции кои своевремено се создадени од великани како: Thelonious Monk, Dizzy Gillespie, Sonny Rollins, Miles Davis и многу други. Ова скопско трио постои од 2017 година и зад себе има остварено повеќе настапи низ Скопје. 

Покрај музичкиот настап на 11 декември, постојано ќе има музика на ЦИВИЛ Фест, па така покрај другарите од ЦИВИЛ, свој диџеј сет ќе имаат и Дамјан Темков и Милан Бибановски Торта.

Влезот на фестивалот е бесплатен.