Како граѓанските новинар(к)и ги гледаат протестите

Граѓанските новинарки и новинари го водеа главниот збор во известувањето за текот на продемократските граѓански протести за правда, слобода и демократија во изминатите два месецa. Тоа го одбележува и текот на проектот „Граѓански објектив“ и наградите за граѓански новинар(к)и во овој награден циклус на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Овојпат, ЦИВИЛ доделува десет награди за граѓанските новинар(к)и во третиот награден циклус на проектот.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 18-ти мај, во хотелот „Опера Хаус“, во Скопје, со почеток во 11:00 часот.

Видео и фото материјалите, кои беа подготвени од граѓанските новинари се придружени со кратки стории.

Голем дел од видео и фото материјалите кои ќе бидат прикажани се однесуваат на протестите низ целата Македонија, претставени низ објективот на граѓанските новинари.

Пристигнатите материјали за месеците март и април, за натпреварот „Биди граѓански новинар”, ги оценуваше тричлена комисијата на ЦИВИЛ.

Десетте најуспешни трудови, ќе бидат наградени со вредносни ваучери за набавка на фото, видео и компјутерска опрема. Највисоката награда е 110 долари. Ќе се доделат две највисоки награди.

На настанот се поканети учесници и предавачи на семинарите кои беа одржани во рамки на проектот „Граѓански објектив“.

Пред доделувањето на наградите ќе се презентира проектот и трудовите на граѓанските новинари.

ЦИВИЛ ги поканува на настанот и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, како и претставниците на граѓанското општество и медиумите.

На настанот, претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат достапни за медиумите и за други прашања кои се однесуваат на актуелните состојби во земјава.

Проектот „Граѓански објектив“е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.