Јавното обвинителство формираше привремена Kомисија за следење на изборни нерегуларности

Јавното  обвинителство формираше  привремена комисија за следење на изборите, чија цел е следење на предизборната кампања. За претседател на Комисијата е определен јавниот обвинител Џелал Бајрами, членуваат и по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

„Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзани со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување  за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, преку Привремената комисија за следење на евентуални противправности  ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – [email protected]“, стои во соопштението на ОЈО.