Извештаите поднесени на време, ДИК го продолжи рокот за набљудувачи

Организаторите на кампањите за претседателските и вонредните локални избори на време ги поднеле извештаите за трошоците во изборната кампања.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, објасни дека никој од кандидатите не го надминал законскиот рок, а доцнењето е заради фактот што некои се ипратени по пошта.

Исто така, и веб страницата на ДИК имало технички проблеми што се надминати и деновиве, сите детални извештаи за досегашните трошоци ќе се објават онлајн и ќе бидат достапни за сите граѓани.

Деркоски, денеска извести дека и наредните денови можат да си аплицираат сите заинтересирани за набљудување на изборниот процес. Досега неофицијална бројка на набљудувачи стигнала до 3815, а 13 меѓународни новинари барале акредитација за следење на претседателските избори на 21 април и 5 мај.

Досега неофицијално побарале и добиле акредитација, 3.815 лица, од кои што домашни се 3.094, Потоа 423 се меѓународни набљудувачи, 285 се преведувачи и 13 странски новинари. Ова е неофицијална бројка која може доолнително да се зголемува”, изјави Деркоски.

Арбен Заќири