Итен случај заглавен на паркинг!

Пред детската клиника во Скопје, денеска, возило на итната помош, било заглавено од несовесни граѓани кои ги оставаат своите возила буквално на улица.

Според Даниела Мирческа, граѓанска новинарка на ЦИВИЛ, во возилото на итната помош било дете во критична состојба кое од интензивна нега на детската клиника итно требало да биде пренесено во друга клиника.

„За хаосот на клиничкиот центар, надлежен е ЈП Градски паркинг, кој стопанисува под град Скопје. Дали ќе се чувствува одговорно за последиците врз малиот пациент, кој е заглавен во возилото во моментот?! Докторката во амбулантното возило видно вознемирена и во еден момент беспомошно заплака, затоа што 7 минути не можеа да излезат од хаосот од паркирани возила“ вели Мирческа.

This post is also available in: English