И младите од Велес сакаат да станат граѓански новинари!

Поради големата заинтересираност на граѓан(к)ите за граѓанското новинарство, ЦИВИЛ – Центар за слобода, во средата одржа работилница во Велес, како дел од проектот „Граѓански објектив“.

Десетина млади велешанки и велешани, по теоретскиот дел од обуката, го спроведоа и практичниот дел од работилницата, преку снимање видеостории, фотографирање, правење анкети, пишување вести…

Граѓанските новинарки и новинари од Велес се потрудија да придонесат кон објективното известување, користејќи ги технолошките придобивки на новото време и работејќи на актуелни теми на државно ниво, како невработеноста и иселувањето на младите, но и на локално ниво – отворањето на кино,…

Предавачите од тимот на ЦИВИЛ на иновативен начин успеаја да го доближат граѓанското новинарство до заинтересираните велешани, како уште еден обид за нов бран на медиумската слобода која ќе го промовира објективното и нецензурирано информирање.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.

Б. Јордановска

This post is also available in: AlbanianEnglish