Хуманитарна помош за бездомните кучиња во Велес

Учениците од средното ушилиште „Коле Неделковски“, Велес, смер готвачи, кои престојуваат во ученичкиот дом ОУД „Лазар Лазаревски“, исто така во  Велес, заедно со директорот и своите воспитувачи донираа 50 кг храна за кучиња, 4 душека и 18 ќебиња за бездомни кучиња  згрижени од Виктор Мазнев, љубител на кучиња од  Велес.

Учениците за таа намена организирале натпревар во готвење, односно во правење слатки.

Интересот за настанот кај учениците беше огромен, слатките имаа симболична цена, достапни за секој ученик и беа распродадени во рекордно време.

Д. Ристов