Говор на омраза на плоштад Македонија

Група од околу сто навивачи („Комити“) извикуваше „Мртов Шиптар, добар Шиптар“ на плоштад Македонија, во саботата, на 17 март.

Поворката беше упатена кон скопскиот фудбалски стадион, на фудбалскиот натпревар Вардар - Ренова.

Снимката е доставена до ЦИВИЛ од граѓански новинар кој сакаше да остане анонимен. Остануваат отворени прашањата дали од говорот на омраза ќе се огради фудбалскиот клуб чии навивачи се служат со експлицитен говор на омраза и дали МВР и ОЈО ќе преземат соодветни законски санкции.

This post is also available in: English