Се урива оградата на Груевски

Железната ограда пред Владата пред која протестираа демонстрантите на „Шарената револуција“, студентите, стечајните работници... и бараа правда, почна да се отстранува со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење на граѓаните.

Ова беше едно од ветувањата на сегашната власт дека кога ќе дојдат на позиција веднаш ќе ја отстранат железната ограда околу Владата, која ја поставил поранешниот премиер Никола Груевски.

This post is also available in: AlbanianEnglish