Граѓанските новинари го менуваат општеството!

Изминатиот месец, три стории на граѓански новинари од Скопје, предизвикаа огромно внимание во медиумите и пошироката јавност. Покрај вниманието, овие стории предизвикаа и брза реакција на институциите, за решавање на проблемите на граѓанките и граѓаните!

Една од сториите која предизвика лавина од реакции беше видео-прилогот на граѓанскиот новинар Вулнет Махмути, кој го сними пречекорувањето на овластувањата на полицијата за време на анти-НАТО протестот на неколкумина членовина Левица во центарот на Скопје. За жал, на фотографиите на присутна граѓанка, е забележено како и самиот соработник на ЦИВИЛ, Махмути, беше врзан со лисици и лишен од слобода!

Фотографиите и видеото од непријавената градинка „Пчела“ во Чаир, која вршеше верска индоктринација врз деца, не само што предизивика жестоки реакции на социјалните мрежи, туку и влијаеше врз министерствата за труд и социјална политика, за образование и за внатрешни работи. Градинката во моментов е затворена, а МВР работи на разоткривање на уште неколку такви градинки низ земјата.

Прилогот на граѓанскиот новинар, Сотир Габелоски, за спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ во Крушево, ја разбуди од сон локалната самоуправа, која реагираше и ја реновираше крушевската сала.

Со оглед на фактот дека граѓанското новинарство во светот зема сè поголем замав и отвара теми кои медиумите често ги заобиколуваат, ЦИВИЛ неодамна објави и онлајн анкета, која сè уште е активна, а има за цел да истражи колку ерата на новите медиуми е присутна и во Македонија.

 

 

This post is also available in: AlbanianEnglish