Граѓанското новинарство се промовираше во Куманово

Граѓански објектив ги претстави прилозите на граѓанските новинарки и новинари од целата земја на централниот плоштад во Куманово. ЦИВИЛ – Центар за слобода го презентираше овој проект кој веќе цела година е простор за слободно изразување на граѓанските новинарки и новинари кои известуваат за кршењето на човековите права и слободи, особено во изборен контекст.

Со диџејски сетови, видео спотови, говори, комуникација со граѓанките и граѓаните на Куманово и со проекција на дел од наградените прилози на граѓанските новинари во проектот, тимот на ЦИВИЛ одржа три часовна програма која ја видоа и слушнаа голем број луѓе кои во тоа време беа на плоштадот.

IMG_1643

„Граѓанското новинарство го разбива медиумскиот мрак“ – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ за локалните кумановски медиуми – „Кога големите медиуми се слепи и глуви за барањата на десетици и десетици илјади луѓе кои бараат слобода, правда и демократија, граѓанското новинарство ги претставува вистинските состојби пред јавноста во земјата и во светот. Затоа, овој проект, поддржан од National Endowment for Democracy ќе продолжи да биде простор каде граѓанското новинарство ќе ги претставува состојбите такви какви што се.“

This post is also available in: Albanian