Граѓански новинари наградени за стории за успешен штрајк и неисполнети предизборни ветувања

Позитивниот исход од борбата на текстилните работници во конфекцијата „Матеа“ од Македонска Каменица, кои поради својата истрајност и солидарност се изборија за тоа што законски им следува, е првонаградениот прилог од септемврискиот - деветти циклус на награди за граѓанско новинарство во рамки на проектот „Граѓански објектив“.

 

14449043_1066721283446340_3823202058839256508_n

Текстот Македонска Каменица: Текстилни работници се изборија за своите права!, го подготви граѓанскиот новинар Горан Трајков од Штип, кој на денешното доделување на наградите, зборуваше за текот на штрајкот на текстилните работници, за време на кој, во отсуство на новинари од традиционалните медиуми, бил единствениот кој известил за тоа случувањата.

14445991_1066721496779652_1145503223714063622_n

 

Втора награда, доби граѓанскиот новинар Дарко Серафимоски од Тетово, кој и покрај тоа што сакаше да остане анонимен, на доделувањето на наградите одлучи да се претстави пред присутните и јавно да проговори за проблемите со инфраструктурата во Тетово. Текстот Тетово: „Дупки“ во ветувањата и дупки на улиците, преку видео и фотографии ја претставува реалната состојба во Тетово, и улиците, кои и покрај сите ветувања, сè уште се во катастрофална состојба.

Тричлената комисија на ЦИВИЛ, реши третата награда да ја додели за текстот Куманово: Наместо интеграција – дезинтеграција!. Граѓанскиот новинар Зенел Мифтари, со својот текст ја информира јавноста за условите во кои учат средношколците - етнички Албанци во Куманово.

Институциите се глуви за стравот и маките на граѓаните и Семејството Свеќанцоски од Прилеп, итно бара помош од државата  се текстовите кои ги добија двете четврти наградина конкурсот во септебври. Граѓанските новинари кои ги подготвија овие текстови, побараа да останат анонимни.

14502766_1066720760113059_1100984346663551128_n

Секој граѓанин кој има паметен телефон, фотоапарат или камера од каков и да е вид, може да биде граѓански новинар и да се вклучи во проектот „Граѓански објектив“. ЦИВИЛ ги охрабрува граѓан(к)ите активно да се вклучат преку истражување и медиумски активности во развојот на граѓанското новинарство и алармирањето за сите нерегуларности кои влијааат врз политичката состојба, преку пријави на закани, уцени, политичка корупција, поткуп на гласачкото тело, злоупотреба на јавни ресурси и администрација.

14449950_1066720323446436_8340080382795507005_n

„Преку текстови, аудио, фото и видео записи, ќе придонесете заеднички да ја зајакнеме јавната свест и да формулираме јавни барања за слободни избори, засновани врз доказите од вашите истражувања, преку онлајн активизам, теренска работа, медиумски и јавни настани“, се вели во пораката на ЦИВИЛ до заинтересираните граѓан(к)и.

За учество во натпреварот, со пополнување на формуларот, кликнете ТУКА.

ЦИВИЛ – Центар за слобода им се заблагодарува на досегашните учесници и ги повикува и понатаму да продолжат со своето активно граѓанско учество и да придонесат за заштита на човековите права и слободи и за демократизирање на општеството.

Проектот „Граѓански објектив“е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

 

This post is also available in: Albanian