Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат во Струмица

Под мотото „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавен настан на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“, во Струмица, на плоштад „Гоце Делчев“, на 25-ти мај (среда) со почеток во 19 часот. Тимот на ЦИВИЛ ќе ги проектира досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот “Граѓански објектив“. Исто така, присутните ќе имаат можност да видат како граѓанските новинари изминатиот месец известуваа за протестите во Струмица, но и во другите градови низ Македонија. Тимот на ЦИВИЛ ќе биде достапен да одговори на прашањата на заинтересираните граѓани за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот. Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ ќе се обиде да го промовира граѓанското новинарство и во овој град.

13071697_968950503223419_3522484295466698717_o

Битола, 19 мај 2016

Јавнни настани на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат”, се одржа во Тетово и Битола, а после Струмица јавен настан ќе се одржи и во Скопје.

„Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе за развој на граѓанското новинарство во земјата. Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси. Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право низ интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со создавање и прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, кој ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Марија Теговска