Едукативен караван на ДИК

Државната изборна комисија организира едукативен и информативен караван како дел од кампањата „Глас по глас“ низ поголемите општини во државата. Самиот караван во текот на неделата ги посети Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Вевчани и неколку општини во Скопје.Секој граѓанин може да се запознае со своите права и со посета на официјалните социјални медиуми на ДИК и тоа Фејсбук  на и Твитер, но и официјалната веб страница на ДИК.

За повеќе информации граѓаните можат да се јават и на бесплатната телефонска линија 0800 555 444.