Двојазични транспаренти на протест против двојазичност

Во паркот „Жена борец“ спроти Собранието на Република Македонија се поставени транспаренти против Законот за употреба на јазиците, или меѓу граѓаните ословуван како „закон за двојазичност“.

Транспарентите кои промовираат став против двојазичноста се испишани двојазично, на македонски и многу лош англиски јазик.

Фотографиите се испратени од активистот Жарко Трајановски.