ДУИ под напад: Бојкот на Пендаровски во 2014, поддршка во 2019

ДУИ се соочува со секојдневни обвинувања и прашања зашто во 2014 година одлучи да ги бојкотира председателските избори. Главното прашање на многу граѓани, а и на албанските опозициски партии е зашто Стево Пендаровски тогаш не беше прифатлив консензуален кандидат, за разлика од сега кога одлучија да го подржат.

Во тоа време,  во јавноста се ширеа сомневања дека во позадина се криеше сценарио за помагање на Иванов, со оглед дека албанскиот електорат беше спремен да го даде гласот за Пендаровски.

Сега социјалните мрежи се поплавени со ироонични прашања, но и со сериозни обвинувања. Некои ги споредуваат и со Амди Бајрам кој е познат по превртување на ставовите и поврзување секогаш со власта.

“Зашто во 2014 не го подржав Пендаровски, а сега да? Затоа што во 2014 беше во опозиција, сега е на власт – Амди Бајрам”, пишува на својот профил аналитичарот Роберт Несими.

“Па вие рековте не чини Пендаровски пред неколку години, дури и не скаравте зашто бевме против Иванов… Сега станал добар маж Пендаровски…”, пишува актерот Хасим Мемиши Сопи.
Слични иронични прашања и обвинувања доаѓаат и од симпатизери и активисти на опозициската Алијанса на Албанците. Тие прашуваат и зашто ДУИ прифати да го поддржат Пендаровски иако тој не само во 2014, но и сега според неофицијални информации бил непосакуван за ДУИ.
“Единствениот кандидат на СДСМ кој не беше прифатлив за ДУИ беше токму Стево Пендаровски, заради фактот што Стево беше кандидат кој се бојкотираше од ДУИ во 2014, а сега треба да го голтаат срамот. Но кој те прашува…”, пишува еден од профилите со лого и име на Алијансата.
Слични постови се објавени од првиот ден на одлуката за кандидирање на Стево Пендаровски.
А. Зеќири