Државната изборна комисија ги почитува Уставот и законите

Државната изборна комисија во целост ги демантира исказите на медиумите во врска со спроведувањето на Изборите за Претседател на Република Северна Македонија, 2019 година, со што изјавата на претседателот на Комисијата Оливер Деркоски, во целост е погрешно пренесена по медиумите, во смисла дека Државната изборна комисија ќе спроведува Избори за Претседател на Република Македонија, согласно Решението на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија за распишување на изборите.

Она што беше изјавено од страна на претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски е дека Решението за распишување на Изборите за Претседател е донесено пред стапување во сила на уставните измени.

Државната изборна комисија е државен орган кој исклучиво ги почитува Уставот и законите, како во минатотот така и во иднината.