Директор или индоктринатор?!

Притисоците и злоупотребата на малолетниците не престанува. Во контекст на секојдневните протести „За заедничка Македонија“, од повеќе средни училишта во Македонија пристигнуваа информации за присилување на учениците да учествуваат на протестите.Граѓански новинар ни испрати видео од Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, во кое се гледа како директорот на училиштетот ги убедува средношколците да излезат на протести.

Крајниот стадиум на лудилото? Дали е тој истиот директор кој мене ми држеше предавање дека вујкото на Блаже Конески бил четник и го нарече благо предавник како и неговиот партиски колега Антонио Милошоски, кој Конески го нарече "џуџето од Небрегово"?Директоре, ослободувањето од часови за партиски собири на малолетни лица е КРИВИЧНО ДЕЛО, а исто така и заканата кон Професорите да ги ослободуваат децата од настава. На нас социјалдемократите Македонија ни е исто толку татковина колку и вас, и вие не сте патриоти, туку заштитници на криминал кој е направен во предходниве 10 години од гарнитурата на чело со вашиот бивши премиер. И да знаете, вие што се обидувате да го штитите кримналот со вакви дела кој сносуваат кривична одговорност, И ВИЕ ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ И ПЛАТИТЕ!Драги професори кој се спротиставувате на овие партиски полтрони, издржете уште малку затоа што нивниот крај се гледа, тука е! Уште малку и цел образовен систем ќе биде реформиран. Сите партиски послушници и бранители на овој криминал че се повлечат, че разберат дека биле на погрешна страна и повторно ќе се гради едни опшество за сите подеднакво, без насилство, без национализам, туку со разум и знаење.А господине директоре, знамето, химната, јазикот НИКОЈ НЕМОЖИ ДА ГИ СМЕНИ, а ако некој сака тоа да го направи треба и 2/3 мнозинство во парламентото ако не знаевте, така само можи да се смени законот, а тоа биди сигурен дека СДСМ нема да го дозволи.А да, директоре ко че се вратам Прилеп би ми било драго едно кафе в гимназија да се напиеме, со мала дискусија околу овие протести и протестите против екстерното тестирање.ПС: на Девојкиве-херои им спуштам капа!ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ!!!!

Публикувахте от Darko Gjorgjioski в 15 март 2017 г.

Во еден момент неговиот говор за оправданоста и потребата од активирање на средношколците се прекинува со коментар на една ученичка: „Директоре, срамота е во една образовна иституција вие да ни држите политики говори“.

„Бидејќи имам поминато 4 години во оваа гимназија, еве еден пример што прави директорот на гимназијата. Целиот текст што е пишан од мојот другар е вистинит. Човекот е професор по историја и можете да замислите каква пропаганда и перење на мозокот се случува(ше) уште од прва година средно“,  изјави граѓанскиот новинар кој сакаше да остане анонимен.

Граѓанските новинарки и новинари постојано известуваат за злоупотребите на институциите, а преку нив и злоупотреба на малолетниците.

Како за потсетување, дел од наградените стории во проектот „Граѓански објектив“, посебно во изборниот период минатата година, беа за злоупотребата на децата за политички и партиски цели.

 

This post is also available in: AlbanianEnglish