Динамична агенда на ЦИВИЛ во изминатата недела

Измина уште една динамична недела на ЦИВИЛ – Центар за слобода и организациските единици и тимови на организацијата. Со оглед на секогаш динамичната агенда на организацијата, тимот на ЦИВИЛ одлучи да прави неделни прегледи на активностите на организацијата, но и да ги издвои поинтересните прилози на Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА. 

ЦИВИЛ ја отпечати и промовира публикацијата „Губење на идентитетот или…?“, на 19 декември, како придонес во процесот на обезбедување на јавен, граѓански и политички дијалог за конечно решавање на тродеценискиот спор со името, како и кон уставните измени што произлегоа како обврска од Преспанскиот договор.

Дел од учесничките и учесниците во проектот „Губење на идентитетот или…?“ и од истоимениот панел што се одржа на 19 декември 2018. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

За да фрли светлина на прашањата за идентитетот кои произлегоа од потпишувањето на Договорот од Преспа, ЦИВИЛ го започна проектот „Губење на идентитетот или…?“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во проектот учествуваат Катерина Колозова, Мирјана Најчевска, Мирјана Малеска, Дијана Тахири, Мерсиха Смаиловиќ, Џабир Дерала, модератор и раководител на проектот, како и уредник на публикацијата, Сашо Орданоски, Љубчо Георгиевски, Петар Богојевски, Ѕвездан Георгиевски, Синиша Станковиќ и Војо Маневски. Нивните видео излагања од истоимениот панел, одржан на 15 ноември беа поместени во публикацијата.

ЦИВИЛ МЕДИА тимот на терен. Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ изминатата недела продолжи со своите теренски активности. Овој пат ги прашавме граѓанките и граѓаните на Скопје за нивните ставови околу новодонесениот Закон за амнестија. Ова само еден мал дел од долгорочниот мониторинг на политичките процеси и настани, како и состојбите со човековите права и слободи, како компонента од проектот „Граѓан(к)ите за слободно општество“.

Како и во изминатите три години, ЦИВИЛ и во текот на изминатата недела продолжи и со објавување на прилозите на граѓанските новинари, како дел од проектот „Граѓански објектив“, посветен првенствено на транспарентноста и одговорноста во политичките процеси. Двете објавени стории оваа недела се однесуваат на безбедноста во сообраќајот.

ЦИВИЛ го прогласи месец декември за месец на човековите права и слободи, па во таа насока секојдневно потсетуваме на членовите од Универзалната декларација за човекови права, која годинава одбележува 70 години од своето постоење. Неделава беа објавени Член 17181920 и 21 од Унверзалната декларација.

Организацијата продолжи со теренските активности поврзани и со проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“.

ЦИВИЛ одржа или учествуваше на низа средби, настани и состаноци со невладини организации, институции и меѓународни мисии на актуелни теми и прашања во земјата, вклучувајќи ги темите за политичката ситуација, состојбата на човековите права и слободи, изборите и низа други.

М. Ивановска

This post is also available in: AlbanianEnglish