ДИК ќе искористи нова технологија за поефикасно сумирање на резултатите од гласањето

На овие претседателски избори нема да се чека полноќ за да се дознаат резултатите и победниците од гласањето. Благодарение на одлуката на ДИК за искористување на можностите што ги нуди модерната текнологија, резултатите на претседателските избори ќе се дознаат многу побрзо од времето на другите избори.

Исто така, како што објасни членот на ДИК, Борис Кондарко, со овој новитет ќе се зголеми и транспарентноста, а ќе се намали можноста за евентуална манипулација.

Практично за прв пат, со цел да се зголеми ефикасноста, транспарентноста, па и брзината на објавувањето на резултатите, ДИК воведува нова постапка, покрај постојните кои се предвидени во законот и кои ќе бидат исто така спроведени и испочитувани, која ќе придонесе за зголемена контрола и споредба, напоменувам на првичните неофицијални резултати, кои согласно член 135 став 1 од изборниот законик, цитирам, ДИК како првични резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува субцесивно, додека подоцна резултатите врз основа на записниците од општинските комисии ДИК ќе ги објави 12 часа по завршување на изборите”, рече Кондарко.

Според оваа одлука, претседателите на изборните места електронски ќе пратат до централата на ДИК слика од првиот извештај со резултатите од изборното место. Овие податоци автоматски ќе се објават како неофицијални на веб страницата на ДИК и така ќе се сумираат.

Арбен Зеќири